Добредојдовте во Панада
✉ info@panada.com.mk 📱 072 626 992
Орешани бб, 1053 Зелениково, Скопје

Нега и грижа за стари и изнемоштени лица

Медицинската сестра е тука 24 часа и се грижи за доставување на клиентите секаков тип терапија што е по налог на лекар, како: инфузиона, таблетарна, ампуларна, преврски и слично.  Негувателките т.е геренто – домаќинките се исто така 24 часа. Тие се грижат за комплетна нега на клиентите. Ги хранат тие што не можат да се хранат, ги бањаат тие што не можат да се бањаат, менување пелени и чистење катетер на тие што се во таква состојба, бричење, шишање, фарбање и фризури, депилирање, комплетна нега и хигиена, како и помош при влегување, движење и слично.

Клиентите во Панада добиваат 5 оброци  т. е 3 главни оброци и 2 ужини во текот на денот. Ручекот е хотелски систем т.е содржи супа, салата, манџа и меса, десерт и овошје. Ако клиентот е поизнемоштен, интернистката го прави менито да координира со здравствената состојба на клиентот, во тој случај се готви посебно за тој клиент. Панада се труди да им обезбеди на клиентите што подобар избор на домашно зготвена храна од македонската кујна, се приготвуваат зимници како и компот, слатко, мармалад, од сезонското овошје. На клиентите храната им се служи и во собите доколку не сакаат или не можат да престојуваат во дневниот престој. Оваа услуга им е достапна на клиентите 24 часа.