Добредојдовте во Панада
✉ info@panada.com.mk 📱 072 626 992
Орешани бб, 1053 Зелениково, Скопје

Алцхајмерова болест и сите видови склерози

Алцхајмерова болест и сите видови склерози

Алцхајмерова болест и сите видови склерози

 

Алцхајмерова болест (латинскиMorbus Alzheimer) — болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ место и алкохолната деменција на трето.

Карактеристично е прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, промени на расположението и карактерот и невропсихолошки симптоми. Години пред манифестирањето на првите симптоми, во мозокот на заболениот се насобираат наслаги составени од бета-амилоидни-(Aβ)пептиди со променета конфигурација. Заедно со наслагите, во невроните се таложат и неврофибрили во облик на клопчиња, карактеристичен патогномоничен знак за оваа болест.

За овие дегенеративни промени, кои се основа на самата болест, сè уште не постои терапија.

Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети. Од генетски аспект, востановена е една варијанта на генот ApoE, која претставува фактор на ризик за развој на Алцхајмеровата болест. Покрај тоа, откриени се генетска мутации на уште три гени (пресенилин-1 и -2 и амилоиден-прекурсор-протеин APP), кои можеби се предизвикувачки фактор за ретката рана форма на болеста. Промените во овие четири гени водат до по рано таложење на бета-амилоид во мозокот, за разлика од ненаследните-спорадични форми на болеста. Се проценува дека генетските фактори се само 30% од факторите на ризик за појавата на Алцхајмерова болест.

Епидемиологија

Од Алцхајмеровата болест заболуваат речиси исклучиво лица во поодмината возраст. Со развитокот на медицината, а со тоа и зголемувањето на старосната граница, расте и застапеноста на болеста. Под 65 годишна возраст засегнати се 2%, кај 70-годишната популација 3%, кај 75-годишните 6% и кај 85-годишните 20%. Над 85 години опаѓа процентот на заболени, бидејќи болните од Алцхајмерова болест ретко достигнуваат таква старост. Досега најрано појавување на болеста е забележано кај 27 годишен пациент, кој починал на 33 годишна возраст.

Во 2007 година, на светско ниво, се востановени 29 милиони луѓе заболени од Алцхајмерова болест. Според статистичките модели, се прогнозира дека во 2050 година бројот на заболени ќе се искачи на 106 милиони.

Дијагноза

Препознавање на болеста според карактеристичната клиничка слика

Предупредувачки знаци

Според Американскиот национален институт за стареење, постојат седум предупредувачки знаци на болеста:

  1. Повторување на едни исти прашања.
  2. Повторување на една иста приказна.
  3. Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности пр. готвење, играње карти, ракување со далечински управувач.
  4. Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, префрлања и сл.
  5. Заболениот не може да најде одредени предмети или ги сместува на невообичаени места и мисли дека други лица ги преместиле истите.
  6. Запоставување на сопствениот надворешен изглед.
  7. Болниот одговара на прашања со поставување на истото прашање кое му е упатено нему.

Преддементен стадиум

Дури и до 8 години пред дефинитивната дијагноза на Алцхајмер, можат да се утврдат невропсихолошки испади. Најлесно препознатливи се проблемите со краткотрајното помнење и запомнувањето на нови информации. Во некои случаи, уште во овој стадиум, засегнати се разбирањето на говорот и следењето на сопствените цели. Типични се нарушувања на афектот, како што се депресијата, рамнодушноста и незаинтересираноста.

Ран и среден стадиум

Кај повеќето пациенти, намаленото помнење и учење водат до поставување на дијагнозата]Најсилно засегнати се краткотрајното помнење и учењето, додека долготрајното помнење, вообичаените активности и емоционалните доживувања се сè уште зачувани.Говорните способности кај болниот се општо намалени, а тоа се манифестира преку намален лексикон и отежнат говор. Постои несигурност при фините моторни движења, кои доаѓаат до израз при пишување, цртање или облекување.Во средниот стадиум, дел од пациентите се сè уште способни самостојно да функционираат, но зависат од туѓа помош при сложени активности.

Напреден стадиум на деменција

Во напредниот стадиум на болеста пациентите ги губат стекнатите способности и не можат да ги препознаат личности и предмети.Неосновани напади на бес и насилство можат да се сретнат дури и кај пациенти кои пред заболувањето биле мирољубиви. Мускулатурата кај пациентот постојано се разградува. Тоа води до понатамошни говорни проблеми, уринарна и дефекациона инконтиненција како и постојано намалување на подвижноста на пациентот, за на крај пациентот да стане „врзан за кревет“. Дури и при извршување на наједноставните активности, на пациентот му е потребна помош. Болеста води до смрт, која често настанува како резултат на белодробни инфекции или миокарден инфаркт.

Дијагностички критериуми

Критериумите за дијагностицирање на Алцхајмеровата болест се утврдени во 1984 и надополнети во 2007 од страна на Националниот институт за невролошки заболувања и удари (NINCDS) и Здружението за Алцхајмер (ADRDA). Клиничкат дијагноза според овие критериуми се воспоставува кога когнитивните нарушувања кои укажуваат на деменција да бидат потврдени со невропсихолошки испитувања. За дефинитивна дијагноза, потребна е хистопатолошка потврда, која вклучува микроскопска обработка на примерок од мозочно ткиво. Кај Алцхајмеровата болест се нарушени осум когнитивни функции – помнење, говор, перцепција, внимание, конструктивни способности, ориентација, решавање на проблеми и функционални способности.

Во Панада има посебен оддел за пациенти заболени од Алцхајмеровата болест и во тој оддел има негувателки кои им се достапни за секоја потреба на пациентот.