ексклузивен дом за изнемоштени и стари лица
Комплекс Панада
„Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од р.Вардар . Изолирана од градската врева и загаденост.
За вас или вашите најблиски изнемоштени, болни и стари лица овозможуваме 24 часовна медицинска нега и грижа, со тим составен од искусни медицински сестри, геренто-домаќнки и физиотерапевти, кој со широка насмевка ќе ви помогнат во секој момент . Лекар секогаш на повик, од која специјалност и да е потребна, кој се грижи и труди вашето здравје комплетно да се подобри.
Во употреба е и најсовремена апаратура за физикална терапија која допринесува опоравување од безброј болести и состојби . Физиотерапевтот со мануелните масажи, активните и пасивните вежби , масажите со електрични масажери, вертикализацијата , разодувањето и раздвижувањето со сите видови помагала па се до постабилно движење , ќе ви овозможи да се чувствувате многу години помлади, посреќни и позадоволни.
Управител на Панада е Миле Димитковски, лицето кое е одговорно за функцинорање на целокупниот дом, персоналот и клиентите. Tочно знае како треба тоа да го направи „пациентот е секогаш во право. ние сме тука со насмеано лице да им помогнеме на сите на кој тоа им е потребно “
Персоналот во Панада се состои од медицински сестри , геренто-домаќинки , готвачи, помошничкии готвачки , перачки, хигиеничарки , и физиотерапевт. Бројот на вработени во една смена е соодветен на законски пропишаниот услов
ПАНАДА ГО ПРОДОЛЖУВА ВАШИОТ ЖИВОТ