Добредојдовте во Панада
✉ info@panada.com.mk 📱 072 626 992
Орешани бб, 1053 Зелениково, Скопје

Стотици луѓе од Македонија секоја година доаѓаат во фаза во која е очигледно дека треба да се преселат во дом за стари лица. Како за нив така и за нивните најблиски ова е тежок процес. Ние во Панада ја разбираме Вашата ситуација. Знаеме како се чувствувате. Го водиме овој дом со љубов спрема работата и им пружаме искрена грижа на постарите лица. Често споменуваме дека нашите клиенти не се сместени во дом туку ние работиме за нив исто како во нивните домови. Кога тие се тука со нас, тие се нашата фамилија. Зошто Панада? Затоа што искуството е од неизмерна важност за ваков тип на установа а ние нудиме неизмерна грижа и љубов кон постарите лица веќе 15 години.

Како изгледа еден ден во Панада?

 

Панада е професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, болни и стари лица. Негата и грижата се половина здравје, затоа ние им нудиме 24 часовна медицинска нега со искусни медицински сестри, геренто-домаќинки и физиотерапевти . Се прилагодуваме кон навиките на човекот и немаме строг распоред, па на кратко вака би изгледал еден ден во нашиот дом:

  • Будење на лицата по нивна желба без распоред
  • Лична хигиена ( миењe заби, бањање, бричење, како и фризури по потреба)
  • Доручек
  • Преглед од лекар
  • Ужина
  • Физиотерапија
  • Ручек
  • Социјални активности со социјалниот работник (разговор, шетање, играње карти, тв, организирање еднодневни екскурзии)
  • Ужина
  • Слободни активности, а во меѓувреме се чистат собите
  • Вечера

 

Панада располага со Тв, клима, интернет пристап, лифт за неподвижните лица, 20 сончеви колектори кои овозможуваат 24 часа топла вода, сопствено парно греење како и камин, паркинг,  перална, одреден простор за пушачи и многу други поволности