Добредојдовте во Панада
✉ info@panada.com.mk 📱 072 626 992
Орешани бб, 1053 Зелениково, Скопје

Мозочен удар

Мозочен удар

Мозочен удар

Мозочниот удар е еден вид мозочна повреда. Исто така е познат како шлог или капка во мозокот. До мозочен удар доаѓа кога има ненадеен прекин во снабдувањето со крв на мозокот. Дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и мозочните клетки се оштетуваат или се уништуваат. Кога мозочните клетки се уништени се губат телесните функции што овие клетки обично ги контролираат. Мозочниот удар варира со степенот на сериозност: од минлив исхемичен напад при што симптомите се подобруваат во рок од неколку часа, до сериозен мозочен напад што може да предизвика трајна онеспособеност или дури и смрт.

Постојат два типа на мозочен удар: Исхемичен удар и Хеморагичен мозочен удар.

Исхемичниот удар е резултат на блокирано место во некој од крвните садови во мозокот и е најчест тип на мозочен удар. Ваквиот удар може да биде тромбичен или емболичен.

До тромбичен удар доаѓа кога се формира грутка на згрутчена крв во крвниот сад која што се зголемила толку многу што сосема го блокира крвниот сад.

До емболичен удар доаѓа кога грутка на згрутчена крв се формира на друго место во телото и патува до мозокот.

Кратките минливи исхемични напади (Transient Ischaemic Attacks – TIA) се често пати знак на предупредување дека можеби наскоро ќе дојде до мозочен удар. Иако симптомите можат брзо да исчезнат, навремено лечење е од витално значење за да се спречи друг мозочен удар.

Хеморагичниот мозочен удар се случува кога ќе дојде до пукање на некој крвен сад и течење на крвта во околното мозочно ткиво, т.е., капка. Како резултат на тоа доаѓа до повреда на клетките во и околу местото каде што се случил мозочниот удар.

Симптоми

Знаците на предупредување за мозочен удар и за минлив исхемичен напад можат да бидат еден или неколку од следниве:

  • Слабост или парализа налицетораката или ногата
  • Лоша координација или рамнотежа
  • Тешкотии со зборување или разбирање
  • Тешкотии со голтање
  • Проблеми со видот (заматен вид, дупло гледање или губиток на видот)
  • Здрвеност или губење на чувството на една страна од телото

Мозочниот удар претставува итен медицински случај. Какви и да се знаците на мозочниот удар, не треба да се занемарат и треба да се побара итна медицинска помош. Бидејќи, ако се почне со лечењето веднаш после појавата на симптомите, тоа може да ги подобри шансите за преживување и да ја намали тежината на ударот.

Лечење

Негата после мозочниот удар може да вклучи нешто од следново:

  • Испитување за да се открие типот на мозочниот удар, местото на оштетување и колку бил сериозен ударот (поставување дијагноза).
  • Скенирање на мозокот што е можно побрзо што треба да помогне во одредувањето на дијагнозата.
  • Примање лекови за да се разреди грутката од крв (тромболиза). Тромболиза не се нуди секогаш, само мал број од луѓето можат да го примат овој третман бидејќи лекот мора да се прими во рок од многу кус временски период после мозочниот удар за да може тој да дејствува.
  • Снимање со ултразвук на артериите во вратот и срцето.
  • Тест на крвта за да се провери нивото на шеќерот и холестеролот.
  • Препишување лекови за да се намали крвниот притисок и холестеролот, како и таблети за намалување на ризикот од формирање грутки на згрутчена крв.

После мозочен удар може да се има проблеми со следниве:

  • Движење и одење
  • Голтање и јадење
  • Зборување, пишување и разбирање
  • Контрола врз мочниот меур или дебелото црево
  • Вид и чувство (целосно или само од една страна на телото)
  • Слух, вкус или мирис.
  • Емоционални и психолошки ефекти

Рехабилитацијата може да трае долг период зависно од степенот на мозочниот удар.

 

Add Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *